Првиот Apple 1 Computer чини 630.000 долари

Објавено на 19.12.2012 во Новости



Првиот Apple 1 Computer чини 630.000 долари

Еден од првите модели на 1 Computer достигна неверојатна цена на аукција во Германија каде беше продаден за високи 630.000 долари.

Овој модел иако е стар 36 години сеуште е исправен и функционален, а е изработен од страна на ко-осноачот на Apple, Стив Вознијак во далечната 1976 година. Заедно со компјутерот доаѓа само касета со оперативниот систем BASIC, а купувачот ќе треба да си обезбеди тастатура и екран.

Ова е досега рекордна продажба на „античките“ модели на Apple кои се почесто стануваат дел од ексклузивните колекции на богати фанови ширум светот. Apple 1 Computer е целосно функционален, а како работи може да погледнете од следното видео.

 





Прочитајте повеќе: