Facebook работи на „интимен“ чат

Објавено на 20.12.2012 во Новости



Facebook работи на „интимен“ чат

Компанијата Facebook е актуелна деновиве на повеќе теми, но тоа што навистина го привлекува вниманието е изработката на т.н. „disposable chat“, па веднаш сите помислуваат дека ќе биде наменет за интимни разговори. 

Комуникацијата на речиси сите социјални мрежи останува меморирана, а често тоа се прави и против наша волја. Новиот чат на Facebook ќе има затворена временска рамка, односно пораката која ја праќате се брише за само неколку секунди. Секако експертите оваа идеја не ја сместуваат во придонес на заштита на приватноста на интернет, туку дека Facebook сака да земе дел од пазарот на т.н сексуални социјални мрежи.

Моментално постот ваков сервис кој е наречен Snapchat и него го користат голем број на луѓе, а дневно се испраќаат околу 50 милиони слики, кои корисниците може да ги видат во рок од само 10 секунди бидејќи потоа автоматски се бришат. Токму затоа овој сервис се користи за т.н секстинг. Facebook со оглед на огромниот број на корисници ширум светот има големи мотиви да создаде ваков сервис кој би бил многу финансиски исплатлив.