Директор во Huawei го претстави Ascend Mate со 6.1 инчи

Објавено на 24.12.2012 во Новости



Директор во Huawei го претстави Ascend Mate со 6.1 инчи

Во продавница на Huawei во Гуангжу, Кина, директорот за уреди на Huawei, Richard Yu, го покажа Ascend Mate Full HD уред кој беше вистинска атракција со ова неофицијално претставување на 6.1-инчен четири-јадрен Android смартфон со резолуција од 1080p.

Според  добиените информациите за овој уред, тој се напојува со четири-јадрен K3V3 чип на 1.8 GHz, и нуди 4000 mAh батерија, 9.9 mm рамка и екран со импресивни 361 ppi густина.

Пред  оваа ‘тајно’ претставување од страна на Richard Yu на смартфонот Ascend Mate, заменик претседателот на Huawei, Yu Chengdong, ја имаше потврдено информацијата дека компанијата веќе работи на таков уред.

Ascend Mate треба да се појави на CES 2013 за неколку дена, заедно со 5-инчниот Ascend D2, и треба да чини околу 480 долари.

Останува да видиме на која верзија на Android ќе работи Ascend Mate, но најверојатно тоа ќе биде Jelly Bean.

Погледнете го видеото снимено со овој врвен смартфон во рацете на Richard Yu: