Android 4.1.1 Jelly Bean сега е достапен за HTC One S

Објавено на 27.12.2012 во Новости



Android 4.1.1 Jelly Bean сега е достапен за HTC One S

 

Како што пред неколку дена го најавивме доаѓањето на Android 4.1.1 Jelly Bean kaj HTC One S, сега HTC и официјално ја потврди информацијата. Сопствениците на  HTC One S ширум светот имаат добра причина да се насмевнат денес.

Надградениот оперативен систем веќе е достапен за меѓународната верзија на смартфонот. Корисниците пак на специјално брендираните уреди треба да бидат сепак потрпеливи.

Можете да го ажурирате HTC One S на Android Jelly Bean преку симнување на верзијата од самиот смартфон или пак со поврзување со вашиот компјутер. Слободно споделете ги вашите впечатоци со новата надградена верзија во делот за коментари.