Приказната на Стив Џобс и проектот „Freedom“

Објавено на 27.12.2012 во Новости



Приказната на Стив Џобс и проектот „Freedom“

 

Малкумина ја знаат историјата на создавањето нa Safari, интернет прелистувачот на Apple и iOS и планот на Стив Џобс да се спротистави на монополот на Microsoft и тогаш најкористениот Internet Explorer.

Кога се создавал новиот интернет прелистувач Стив Џобс сакал  прoизвод кој ќе им понуди на корисниците многу поквалитетна услуга од Internet Explorer кој долго време беше на прво место благодарение на монополот на Microsoft. Целта на Стив Џобс била нивниот прoизвод да биде наречен „Freedom“, како симбол на ослободување од владеењето на Microsoft, но тоа име веќе било заштитено од друг производ.

Тимот од програмери кој работел на интернет прелистувачот на крајот го одбрале називот Safari, а во игра биле и имињата Alexander и iBroswer. Денес Internet Explorer е на дното, додека на прво место се проби Google Chrome, тука е и Mozila Firefox, а Safari и натаму е еден од најдобрите интернет прелистувачи за мобилен.