Huawei со огромен смартфон месецов

Објавено на 02.01.2013 во Новости



Huawei со огромен смартфон месецов

 

Кинеската компанија Huawei ќе има месец полн со активности бидејќи доаѓаат три нови смартфони, од кои најмногу внимание со сигурност ќе привлече новиот Huawei Ascend Mate со големина на екранот од 6.1 инч.
 
Huawei Ascend Mate ќе постави нов рекорд на смартфон со најголем екран и ќе биде сериозна конкуренција на Samsung Galaxy Note и LG Optimus Vu, барем кога е во прашање големината на екранот.
 
 
Одличниот уред ќе поседува моќен процесор и камера од 13 мегапиксели, меѓутоа екранот ќе има резолуција од само 720 пиксели, што е под Full HD стандардот, но ваквиот компромис очигледно е направен за Huawei Ascend Mate да има пониска цена. Презентацијата се очекува да се случи на CES 2013 во Лас Вегас наредната недела.