ZTE со грандиозен смартфон

Објавено на 03.01.2013 во Новости



ZTE со грандиозен смартфон

Се ближи почетокот на технолошкиот саем CES 2013 кој ќе се одржи од 6 до 9 јануари во Лас Вегас, а еден од најитересните моменти ќе биде презентацијата на ZTE Grand S, нов смартфон со екран од 5 инчи и Full HD резолуција.

 ZTE Grand S

Бидејќи промоцијата е закажана за 8 јануари веќе со сигурност може да потврдиме неколку информации поврзани со овој нов супер смартфон од кинеската компанија ZTE кој ќе се придружи на Full HD друштвото со резолуција на екранот од 1080 пиксели. Освен одличниот екран кинезите ветуваат и дека ова ќе биде најтенкиот смартфон од ваков вид со дебелина од само 6.9 милиметри.

ZTE Grand S Specs

ZTE Grand S ќе поседува и врвни хардверски компоненти како четири-јадрен процесор, 2 GB RAM и камера од 13 мегапиксели, додека за оперативниот систем е задолжен Android 4.1 Jelly Bean. Наскоро ќе ве известиме и за сите официјални карактеристики, неговата цена како и планот на ZTE за негова продажба и за кои пазари ќе биде наменет.