Safari доминира во веб сообраќајот
Објавено на 04.01.2013 во Новости
Интернет прелистувачот на Apple и натаму е еден од најкористените кога е во прашање мобилниот интернет со вкупно 60% од веб сообраќајот остварен преку смартфоните и таблетите. Safari се корисити за интернет содржини на популарните iPhone и iPad.
Во изминатата 2012 година на второто место се пласира прелистувачот на Android со нешто над 20%, а бројките се многу подобри за последните месеци отколку од почеткот на годината. Остатнатите популарни интернет прелистувачи со своите мобилни верзии имаат многу помал процент.
Па така Opera mini е на третото место со 11%, Google Chrome со учество од 1.48% е далеку зад конкурентите, додека на листата се искачи Internet Explorer на Microsoft со 1%.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.