Huawei го претстави најмоќниот смартфон

Објавено на 08.01.2013 во Новости



Huawei го претстави најмоќниот смартфон

 

Huawei на CES официјално ги претстави двата нови Android уреди: смартфонот со најголем екран - Ascend Mate, и најмоќниот смартфон во светот - Ascend D2.

Huawei Ascend D2

Huawei Ascend D2 има 5-инчен 1080p дисплеј со многу тенки рамки, кој е отпорен на вода и прашина. Смартфонот се напојува со четири-јадрен процесор од 1.5GHz и нуди 2GB RAM меморија. Ascend D2 има камера од 13MP на задната страна која може да направи видео снимање од 1080p.

Остатокот од спецификациите вклучуваат предна камера од 1.3MP, внатрешна меморија од 32GB, сите LTE поврзување и батерија од 3000 mAh. Нема слот за microSD картичка.

Ascend D2 работи на Android 4.1 Jelly Bean, и ќе биде објавен овој месец најпрво во Кина. Интересно е што исто така Huawei ќе понуди 4.7-инчна верзија на Ascend D2, но компанијата се уште не даде повеќе детали околу тоа.

 

Huawei Ascend Mate

Huawei Ascend Mate е гигантот со 6.1 инчи 720p дисплеј, кој работи со ракавици и има горила стакло заштита на врвот. Овој смартфон има најтенка рамка во својата категорија, и покрива 73% од предниот панел на екранот. Се напојува со истиот четири-јадрен процесор со 1.5GHz како и Ascend D2, и има 2GB RAM меморија.

Ascend Mate има 8MP задна камера со видео снимањеод 1080p и предна камера од 1.3MP.Овој смартфон нема LTE, но постои слот за microSD картичка за проширување на меморијата. Батеријата е уште поголема, до 4050 mAh.

Исто така, Ascend Mate работи на Android 4.1 Jelly Bean, а ќе биде пуштен во продажба во февруари најпрво се разбира во Кина со цена од околу 480 долари.