Излезе првиот безжичен полнач за во автомобил

Објавено на 28.01.2013 во Новости



Излезе првиот безжичен полнач за во автомобил

Компанијата Denso го промовираше првиот безжичен полнач за смартфон кој може да се користи во автомобил, а прв таа чест ќе ја има новиот модел на Toyota Avalon, но ваквиот додаток ќе може да се инсталира и во многу други марки на автомобили.

Denso eBin е безжичен полнач за смартфон кој наскоро ќе стане достапен за широка употреба на пазарот и е многу едноставен за користење. Исто така овој додаток може да функционира и како обичен полнач со кабел за поврзување, а се користи и како преграда за чување на смартфонот безбедно додека возите. 

Од следното видео погледнете ја првата комерцијална презентација на Denso eBin.