Оперативниот систем Sailfish во кинеска офанзива

Објавено на 29.01.2013 во Новости



Оперативниот систем Sailfish во кинеска офанзива

 

Поранешните вработени програмери на Nokia кои добија откази за време на најголемата криза на компанијата, создадоа сопствен оперативен систем за мобилни телефони, наречен Sailfish, за кој ќе бараат партнери во Кина.
 
 
Пазарот на мoбилни телефони во Кина има најголем раст на светско ниво, што е и логично за најголемата држава во светот, но кинезите најмногу го користат Android и евтините смартфони од помалку познатите производители како Lenovo, така што компанијата Jolla ќе има тешка задача да се пробие на овој пазар.
 
 
На неколку пати Jolla го презентираше оперативниот систем Sailfish, кој можеби еден ден ќе беше дел од Nokia, доколку финците не се одлучија за Windows Phone, па нема сомнеж дека се работи за навистина добар софтвер, но сеуште нема официјален хардвер со OS Sailfish од некој познат мобилен бренд.