Jelly Bean со 13.6% кај моделите на Android

Објавено на 06.02.2013 во Новости



Jelly Bean со 13.6% кај моделите на Android

 

Најновата статистика за дистрибуција, објавена од страна на Google, покажува дека само 13.6% од уредите на Android користат Jelly Bean. 12,2% користат Android 4.1, додека само 1.4% имаат инсталирано Android 4.2. Android 4.1 донесува нова технологија за Android, како Project Butter за да се отстранат проблемите, и нови функции како Google Now, која испраќа до корисниците корисни информации навремено.

Најголем број од Android корисниците, 45.6% имаат уред кој работи на Gingerbread. Android 4.0, Ice Cream Sandwich, всушност има мал пад и сега е со 29% од Android уредите од оние 29.1% минатиот месец. Ова укажувана тоа дека Android 4.0 го достигна својот врв и дека Jelly Bean, кој се зголеми за 3.4% во текот на минатиот месец, расте полека но сигурно.

Тажниот дел на оваа статистика е дека голем број на Android корисници се уште користат Gingerbread и 8.1% се уште се на Android 2.2 (Froyo). Тоа значи дека повеќе од половина од Android корисниците се уште користат телефон со Android 2.2 па се до Android 2.3.7.