HTC: Sense 5 со надградба кај сегашните телефони

Објавено на 01.03.2013 во Новости



HTC: Sense 5 со надградба кај сегашните телефони

HTC го претстави својот најнов смартфон One на прес-конференција која се одржа во почетокот на февруари во Њујорк. Заедно со импресивните листа на најмодерни спецификации, уредот вклучува и најнова верзија на Sense - интерфејс за користење на компанијата.

Sense 5 содржи бројни опции кои се подобрени како Blinkfeed, Flipboard widget за вести, слики и надградба за социјалните мрежи. Сепак, сите што имаат HTC смартфон, се прашуваат дали ќе ја добијат најновата верзија на Sense 5 на своите телефони.

Во врска со тоа, HTC потврди деканаскоро корисниците на HTC One X, One X+, One S и HTC Butterfly ќе имаат надградба со новиот интерфејс на Sense. Исто така, компанијата нагласи дека другите опции кои се достапни кај новиот хардвер на HTC One нема да бидат достапни во надградбата на софтверот.





Прочитајте повеќе: