Huawei со план да го освои светот

Објавено на 04.03.2013 во Новости



Huawei со план да го освои светот

 

Кина е најголемата нација но и еден од најбрзо растечките пазари во светот. Huawei е гигант не само на кинескиот пазар но и број 2 производител на телеком опрема во светот (веднаш зад Ericsson). Исто така, компанијата силно навлезе на пазарот во мобилната комуникација. Huawei направи импресивно појавување на Саемот за Електроника во јануари 2013 година во Лас Вегас претставувајќи ги телефоните од висока класа Ascend D2 и 6.1-инчниот Ascend Mate. На неодамнешниот Светски Конгрес за Мобилна Технологија во Барселона, Huawei најави уште еден уред од врвната класа а е тоа е Ascend P2, кој се смета за најбрзиот смартфон.

Huawei со најновите телефони планира да ги надмине своите ривали понудувајќи модерни смартфони со конкурентна цена на пазарот во светот. И не само тоа, Huawei сака да стане бренд препознатлив во светот по својата безбедност и интегритет.

Компанијата има вработено 45.000 инженери и прави 10.000 истражувања за развој во технологијата. Huawei е фокусирана на оперативниот систем Android, но работи и на Windows Phone.

Како и да е, Huawei е веќе на добар пат да ги оствари своите амбиции и е сериозен кокурент во првите три производители на пазарот.      

Автор: Aleksandar Stankov