Toyota со концепт за модерен скутер на три тркала

Објавено на 05.03.2013 во Новости



Toyota со концепт за модерен скутер на три тркала

 

Производителите понекогаш сакаат да ги заменат урбаните коли, со нешто помало и попрактично. Концептот i-Road на Toyota се уште не е сигурно дали ќе биде произведен, но барем се појави таква идеја за која многу луѓе сонуваат и која доколку наиде на доста позитивни реакции може да стане реалност.

Овој мотоцикал има две седишта, три тркала како и мали димензии кои се навистина предност за движење низ гужвата во големите градови. Исто така, има и кабина која вклучува можности за греење и звучници.

Ова би било добра замена за велосипедите, компактно превозно средство и скутер кој што не треба да се полни со бензин често, а претставува и добра заштита од дожд.