Nexus 7 Dock распродаден на Google Play Store

Објавено на 07.03.2013 во Новости



Nexus 7 Dock распродаден на Google Play Store

 

Nexus 7 Dock конечно се појави во продажба на Google Play Store, но само за неколку часа беше и распродаден. Овој док се продаваше со цена од 30 долари, и се чини дека цената била премногу атрактивна за клиентите.

Nexus 7 Dock дебитираше на Google Play Store со цена која беше за 10 долари пониска од онаа која ја имаат продажните салони. Заедно со док-от вклучени се micro USB и порт за аудио, но не и за видео бидејќи Nexus 7 не го поддржува тоа. Се полни преку POGO пин конектори. Додека се полни, на Nexus 7 може да се слуша и музика.

Се уште нема информација, кога овој док ќе се врати во продажба, но веруваме дека тоа ќе биде наскоро.