Android Jelly Bean продолжува да расте

Објавено на 08.03.2013 во Новости



Android Jelly Bean продолжува да расте

 

Во последниот извештај за платформата на Android е забележано дека новата верзија на овој оперативен систем Jelly Bean има зголемено учество и изнесува 16.5 %, со тренд на постојано зголемување. Најголем придонес за тоа имаат новите смартфони на Sony, HTC, Samsung, Motorola и Huawei.

March Android platform numbers have Jelly Bean up and Gingerbread down

Во однос на постарите верзии на Android и натаму најголeмо учество завзема верзијата 2.3 Gingerbread со 44%, додека пак ланската верзија 4.0 Ice Cream Sandwich остана на бројка од 28.6 %.

Jelly Bean на пазарот е достапен веќе девет месеци и досега има две верзии 4.1 која е најчест избор на производителите за новите смартфони, додека пак верзијата 4.2 се наоѓа на мал број на уреди, од кои секако најбројни се смартфонот Nexus 4 и таблетите Nexus 7 и 10, но за во наредниот период за повеќе смартфони е закажана наградба токму со оваа верзија, со што нејзиниот процент значително ќе се зголеми од моменталните 1.6%.