ZTE Grand X Quad се појави во јавноста

Објавено на 25.03.2013 во Новости



ZTE Grand X Quad се појави во јавноста

 

Најновиот производ на ZTE конечно се појави со прва слика во јавноста, откако претходно кинеската компанија го најави овој смартфон кој ќе поседува одлични карактеристики и ќе биде подостапна варијанта на супер смартфонот ZTE Grand S.
 
ZTE Grand X Quad според најавите ќе поседува 5 инчен екран кој е поевтина варијанта од екраните со Full HD, како и четири-јадрен процесор со 1.2 GHz, кој е за нијанса послаб од процесорот на ZTE Grand S. Од останатите карактеристики познато е дека ќе има и 8 мегапикселна камера и одлична батерија со капацитет од 2500 mAh.
 
Засега не е познато колку ќе изнесува неговата цена, како и датумот на негово пуштање во продажба, а најпрво ќе биде достапен во САД и Европа. ZTE Grand X Quad ќе поседува и можност за работа со две SIM картички.