Нови телефони на HTC - Desire P и Desire Q

Објавено на 26.03.2013 во Новости



Нови телефони на HTC - Desire P и Desire Q

 

HTC официјално ги објави сликите од своите најнови претставници - Desire P и Desire Q, заедно со некои од спецификациите. Двата уреди работат на Android 4.1 Jelly Bean, и доаѓаат како замена за Desire SV, односно Desire U.

Телефонот HTC Desire P е уред од средната класа кој има екран од 4.3 инчи со WVGA резолуција. На задната страна има пластична покривка со главна камера од 8 МР со LED блиц, кој има вграден процесор со две јадра со брзина од 1 GHz.

Desire P има неколку добри карактеристики како Beats Audio и microSD слот за картичка. На предната страна има и предна камера. Овој телефон ќе биде со цена од 365 долари.

За разлика од Desire P, другиот телефон Desire Q е помал и поевтин кој доаѓа со екран од 4 инчи. Неговата резолуција како и останатите спецификации се уште не се познати. Сепак, се знае дека ќе има Beats Audio способности и цена од околу 235 долари.

Овие телефони најпрво ќе бидат претставени во земјите од југо-источна Азија, а потоа и во останатиот дел  од светот. 

Автор: Aleksandar Stankov