Први слики од NEO N003 - Најевтиниот 5 инчен Full HD смартфон

Објавено на 01.04.2013 во Новости



Први слики од NEO N003 - Најевтиниот 5 инчен Full HD смартфон

 

NEO е компанија која во последно време се почесто се истакнува со нови смартфони кои се продаваат по рекордно ниски цени а, за возврат ги содржат најновите технолошки карактеристики. NEO N003 беше најавен пред речиси два месеци и сега добиваме први официјални слики од најевтиниот 5 инчен Full HD смартфон.
 
 
Во овој момент тренд во мобилната индустрија е производство на смартфони со 5 инчен Full HD екран, како и четири-јадрени процесори, но цената е поставена многу високо, односно над 600 долари. 
 
 
Смартфонот NEO N003 може да го промени тоа, бидејќи ќе се продава по цена од само 145 долари. За тие пари ќе добиете екран со резолуција од 1080 пиксели, четири-јадрен процесор од MediaTek, 2 GB RAM и 13 мегапикселна камера, што е навистина импресивно за таа цена. NEO N003 се очекува на пазарот кон крајот на април.