Apple ќе претстави iRadio ова лето

Објавено на 01.04.2013 во Новости



Apple ќе претстави iRadio ова лето

 

Apple најверојатно ќе претстави свој сопствен музички сервис на интернет ова лето, кој што ќе биде ривал на Pandora. Новиот музички сервис ќе се вика iRadio, и ќе го следи примерот за музика на Pandora. Музичките сервиси како Spotify и Pandora обезбедуваат голем профит со музичките куќи.

Во моментов Pandora наплаќа по 12 центи за 100 песни, но можеби ќе треба да ја намали цената за да создаде профит. Сепак за разлика од овие 12 центи, Copyright Royalty Board наплаќаат по 21 цент за 100 песни, додека Even Spotify дури 35 центи за 100 песни, и пак имаат милиони корисници.

Се шпекулира дека новиот сервис на Apple ќе понуди 6 центи за 100 песни, што ќе биде сериозен конкурент на останатите музички сервиси. Како и да е, iRadio може да стане голем хит веднаш, и би можел да предизвика штета кон бизнисот на Pandora.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: