Новиот HTC Desire P официјално потврден

Објавено на 02.04.2013 во Новости



Новиот HTC Desire P официјално потврден

 

Тајванската компанија за производство на мобилни телефони официјално потврди дека наскоро ќе биде пуштен во продажба новиот смартфон од серијата Desire која досега понуди голем број на квалитетни уреди од средната класа.
 
Новиот HTC Desire P за почеток ќе се продава на домашно тло во Тајван, а понатаму се очекува и негова достапност на светските пазари. HTC Desire P има 4.3 инчен екран со резолуција од 480 х 800 пиксели, додека пак хардверот се состои од дво-јадрен процесор од Qualcomm со брзина од 1GHz, 768MB RAM и 4GB вградена меморија.
 
 
Најверојатно за да се заштеди на цената која изнесува околу 350 долари, HTC Desire P нема да подржува 4G мрежа и конекција и останува уште само официјална потврда од тајванската компанија за плановите на неговата интернационална продажба.