Gingerbread сеуште е најкористен Android

Објавено на 05.04.2013 во Новости



Gingerbread сеуште е најкористен Android

 

Последните информации од Google велат дека и понатаму фрагментацијата во Android е многу голема, додека пак сеуште најчеста верзија на оперативниот систем е 2.3 Gingerbread со 39.7 % од сите Android смартфони и таблети.
 
 
На второто место е Ice Cream Sandwich или верзијата 4.0 која има учество од 29.3 % и понатаму има бавен тренд на надградба на постарите мобилни телефони барем со оваа понова верзија со која ќе добиете многу подoбри перформанси. 
 
 
Најголем напредок пак бележи најновата верзија и досега најдобрата, а тоа е Android Jelly Bean која има учество од 25 %, благодарение пред се на големиот број на нови смартфони кои излегоаа во продажба директно со овој оперативен систем.