HP лидер во индустријата за персонални компјутери за професионалци

Објавено на 15.04.2013 во Новости



HP лидер во индустријата за персонални компјутери за професионалци

 

Стив Возниак (Steve Wozniak) и компанијата Fusion-io ги прогласија работните станици на HP како најнапредни во компјутерската архитектура.

Во рамки на манифестацијата National Association fo Broadcasters (NAB) одржана во Лас Вегас, САД, HP (Hewlett-Packard) го покажа сопственото лидерство и пазарната диверсификација во доменот на медиумите и забавната индустрија, презентирајќи решенија кои нудат иновации и перформанси за групата клиенти со најкомплексни бизнис потреби во светот http://www8.hp.com/hr/hr/products/workstations/index.html

HP (Hewlett-Packard) испорача врвни перформанси во сегментот - брзина на управување, наменети за професионалци со креативни способности во доменот на медиумите и забавната  индустрија кои ќе им овозможат сѐ, од создавање на визуелни ефекти за филмските блокбастери, преку постпродукција, па се до можноста за добивање на Оскар.

“Нашите клиенти континуирано ги поместуваат границите на својата креативност и бараат конзистентни технолошки подобрувања во перформансите, од еден проект кон друг, нов” изјави Џеф Вуд (Jeff Wood), Заменик Претседател на одделот за Бизнис Комерцијални Решенија во рамки на Менаџментот за Производство во HP (Hewlett-Packard). “Како лидер во индустријата за работни станици (1) , HP (Hewlett-Packard) продолжува да бара иновативни партнери, нови решенија и клиенти кои имаат поголеми барања, нешта кои даваат резултати наменети за работата на креативните професионалци.”

HP (Hewlett-Packard) соработува со компанијата Fusion-io (www.fusionio.com) за интеграција на Fusion ioFX мемориската класа во рамки на наградуваната серија HP Z работни станици.  Ова е најновиот пример за посветеноста на HP (Hewlett-Packard) во развојот на иновативни решенија и подобрувања на перформансите, особено за медиумите и забавната индустрија.

“Сметам дека HP (Hewlett-Packard) е една од најдобрите инженерски компании во светот и поради тоа сум одушевен што можам да видам како HP (Hewlett-Packard) и Fusion-io работат заедно на унапредувањето на архитектурата на работните станици“ потенцираше Стив Возниак (Steve Wozniak), главен научник во Fusion-io. “Преку интелигенцијата на Fusion io FX, го доближивме Fusion io до неверојатните работни станици на HP (Hewlett-Packard), додавајќи на апликациите уште помоќни перформанси кон инженерската прецизност на HP (Hewlett-Packard) која е позната по целиот свет.”