HTC планира уште еден евтин мобилен телефон

Објавено на 23.04.2013 во Новости



HTC планира уште еден евтин мобилен телефон

 

HTC најверојатно ќе промовира уште еден евтин смартфон кој ќе припаѓа на средната класа. Овој мобилен телефон го носи кодното име HTC 606t и би требало да се појави кон средината на ова лето.
 
 
Претходно пренесовме за новиот HTC M4 кој треба да се појави наскоро, кој всушност многу наликува на HTC First, односно заедничкиот мобилен телефон со Facebook. HTC M4 како и HTC First би требало да има екран од 4.3 инчи и дво-јадрен процесор Qualcomm Snapdragon 400.
 
 
На овој начин на повидок е создвање на нова серија на смартфони на HTC од средната класа со многу пристапна цена. HTC 608t исто така ќе поседува дво-јадрен процесор од новата серија Qualcomm Snapdragon 400, но со поголем екран од 4.5 инчи и подобра камера од 8 мегапиксели. Наскоро очекувајте нови детали за мобилните телефони на HTC кои ќе бидат претставени во текот на летото.




Прочитајте повеќе: