Acer го најави евтиниот Liquid E2

Објавено на 25.04.2013 во Новости



Acer го најави евтиниот Liquid E2

 

Acer продолжува со промоција на квалитетни мобилни телефони кои се понудени во ниската и средната класа и се продаваат по многу достапни цени. Следен во низата е Acer Liquid E2 кој е модерен телефон со четирјадрен процесор.

Acer Liquid E2има екран од 4.5 инчи со qHD резолуција од 540 х 920 пиксели. Освен добриот екран овој смартфон има и солиднио хардверски компоненти составени од четири-јадрен процесор Cortex A7 со брзина од 1.2 GHz, PowerVR SGX 544 графичка,1 GB RAM, 4 GB ROM и слот за microSD мемориска картичка.

Смартфонот може да се пофали и со добра камера од 8 мегапиксели која има брза реакција при правење слики. За оперативниот систем е искористена верзијата на Android 4.1 Jelly Bean со можност за надградба во скоро време со последната верзија 4.2. Acer Liquid E2 ќе се продава во Европа од наредниот месец по цена од 230 евра, па очекуваме да биде понуден и од македонските оператори.