Huawei ќе претстави нов уред на 18 мај во Лондон

Објавено на 10.05.2013 во Новости



Huawei ќе претстави нов уред на 18 мај во Лондон

Huawei испрати покани за претстојниот настан кој ќе се одржи во Лондон закажан за 18 мај. Компанијата не откри многу детали за она што всушност ќе се случува на прес конференцијата, но најверојатно ќе биде претставен уред кој вреди да го носи името ‘Beauty’. Исто така, Huawei ги користи зборовите ‘гламур’ и ’инспирација’, што значи дека можеме да очекуваме класичен настан на кој ќе видиме што подготвуваше компанијата во последните месеци.

Од досегашното искуство, Huawei секогаш била компанијата која прва ги претставува работите, и никогаш не се плаши јавно да експериментира со различните големини и форми. Така да, од Huawei можеме да очекуваме и претставување на смартфон со 8-јадрен процесор кој би бил и најтенкиот уред на светот.

За време на CES 2013 кој се одржа во јануари во Лас Вегас, компанијата претстави два нови телефони кои имаа нови карактеристики што до тогаш не беа видени. Ascend D2 имаше екран со најголема густина на резолуцијата, а Ascend Mate беше претставен како најголемиот смартфон на светот со огромен дисплеј од 6.1.   
Како и да е, за недела дена компанијата ќе ги објави перформансите на новиот уред, а ние веднаш ќе ве информираме.