BlackBerry го предаде најголемиот адут
Објавено на 19.05.2013 во Новости
BlackBerry Messenger, една од најмоќните софтверски алатки на BlackBerry која ја крена популарноста на оваа платформа наскоро ќе биде достапна и за мобилните телефони со оперативните системи Android и iOs.
Оваа информација беше неодамна пласирана од канадската компанија BlackBerry, а за почеток оваа можност ќе ја имаат само мобилните телефони, додека пак сопствениците на таблети ќе треба да почекаат подолг временски период.
Ваквата одлука на BlackBerry е вистинско изненадување бидејќи токму BBM е главниот адут на нивната платформа и со преселба на Android и iOs се поставува и прашањето зошто воопшто би купиле BlackBerry смартфон.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.