Lenovo K900 достапен во Кина за 536 долари

Објавено на 20.05.2013 во Новости



Lenovo K900 достапен во Кина за 536 долари

Lenovo K900 беше претставен на конференцијата CES 2013 и тој беше главната тема на дискусија со својата импресивна градба и со хардвер спецификациите. Добрата вест е што уредот сега е достапен во Кина и овој 5.5-инчен фаблет во текот на летото ќе биде достапен и во целиот свет.

Значи, телефонот има 5.5-инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 1920p со густина на пиксел од 400ppi. Lenovo K900 работи на најновиот Intel Atom Clover Trail+ процесор со брзина од 2GHz, а има 2GB RAM меморија. Покрај тоа, уредот доаѓа со 13 мегапикселна Sony Exmor BSI задна камера и 2 мегапикселна предна камера.



Lenovo K900 е со цена од 536 долари, а наскоро уредот се очекува и на другите пазари.

 

Автор: Aleksandar Stankov