HTC Butterfly со надградба до Sense 5

Објавено на 21.05.2013 во Новости



HTC Butterfly со надградба до Sense 5

 

Ланскиот супер смартфон  HTC Butterfly кој се појави кон крајот на годината ќе фати чекор со најновиот кориснички интерфејс Sense 5 кој ќе започне да се реализира уште од овој месец. Тоа значи дека сите новитети кои ги има HTC One ќе бидат пренесени и кај HTC Butterfly.
 
 
HTC Butterfly беше вистински хит на тајванската компанија кој имаше повеќе верзии за различни пазари, како HTC Butterfly J за јапонскиот пазар и HTC Droid DNA наменет за американскиот пазар.
 
 
Исто така HTC Butterfly беше првиот смартфон со Full HD екран и резолуција од 1080 пиксели со густина на сликата од 441 ppi. Сепак HTC одлучи главно внимание да посвети на новиот HTC One кој има 5 инчен екран и дојде заедно со новиот кориснички интерфејс Sense 5 во кој се содржани сите новитети како BlinkFeed, Zoe и други.