Oppo Find 5 достапен и во Европа

Објавено на 29.05.2013 во Новости



Oppo Find 5 достапен и во Европа

Еден од најдобрите смартфони на планетата кој може да се носи рамо до рамо со најдобрите, Oppo Find 5, како HTC Droid DNA, конечно е достапен и во Европа.

Кинеската компанија долго време предизвикуваше внимание од нејзината база но, ретко имавме можност да видиме еден нивни уред на светскиот пазар. Инаку Oppo Find 5 е еден од првите смартфони со Full HD екран со големина од 5 инчи.

Покрај одличниот екран поседува и четири-јадрен процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, камера од 13 мегапиксели, а софверот е управуван од Android 4.1 Jelly Bean. Oppo Find 5 може да се порача преку веб страната на компанијата и следи бесплатна достава на територија на Европа. 





Прочитајте повеќе: