Apple ќе прави нов iPad Maxi таблет/лаптоп

Објавено на 02.06.2013 во Новости



Apple ќе прави нов iPad Maxi таблет/лаптоп

Според последните гласини компанијата Apple е во процес на создавање на нов мега таблет со големина од 12.9 инчи кој ќе функционира и како целосно функционален лаптоп работејќи на оперативниот систем OS X.

Овој iPad Maxi ќе треба да се спротистави на ултрабук категоријата каде досега најдобро се покажа Microsoft благодарение на хибридните уреди кои имаат екран на допир и работат на оперативниот систем Windows 8 со што истовремено добивате одличен лаптоп.

Единствена пречка во реализација на овој проект е високата цена па затоа Apple ќе треба да направи повеќе компромиси во делот на хардверот за да се задржи прифатливата цена до 700 долари кај купувачите и со тоа да остане конкурентен во однос на Microsoft, но и Google кој веќе влегува на овој пазар со свои хибриди кои работат на OS Chrome.





Прочитајте повеќе: