HTC Butterfly S очекувајте го за некоја недела

Објавено на 04.06.2013 во Новости



HTC Butterfly S очекувајте го за некоја недела

Тајванскиот производител ќе претстави уште еден смартфон со името Butterfly кој би требало да донесе неколку промени кај хитот за 2012-та година и еден од првите Full HD смартфони. Истовремено официјално е најавен  и еден нов модел кој веќе долго време го очекуваме а, тоа е HTC M4.
 
 
HTC Butterfly S може да се појави уште на средината на овој месец што значи не делат само неколку недели до неговото официјално претставување. Главните промени кај овој телефон се очекуваат во делот на процесорот, а сосема сигурни се промени во софтверот што значи дека HTC Butterfly S ќе ги добие сите новитети кои ги има одличниот HTC One.
 
 
Кога сме веќе кај HTC One се очекува конечно да биде претставена неговата мини верзија HTC M4 за која во неколку наврати наназад ве информиравме. Овој смартофн ќе изгледа слично како и постариот брат но, со нешто послаби компоненти и помали димензии а, со тоа и пониска цена.
Автор: Aleksandar Stankov