Вип прв го донесе одличниот BlackBerry Q10

Објавено на 05.06.2013 во Новости



Вип прв го донесе одличниот BlackBerry Q10

Пaралелно со светската премиера, Вип ексклузивно го донесе во Македонија најновиот BlackBerry Q10. Тоа е првиот смартфон кој работи на новавата верзија на оперативниот систем BlackBerry 10.1, кој покрај екранот на допир има и физичка QWERTY тастатура, препознатлива за BlackBerry брендот.

- Иако со Z10 сериозно им се закани на своите конкуренти, BlackBerry сепак не ја напушти традицијата. Со најновиот паметен телефон BlackBerry Q10, искористени се сите предности што ги нуди новиот оперативен систем применет кај постариот брат, но задржан е и еден од најпознатите обележја за BlackBerry која за неговите многубројни фанови значи уникатност, сигурност, стабилност и престиж. Горди сме што повторно, најновото доживување од BlackBerry, им го овозможуваме и на корисниците во Македонија“, изјави Џакомо Тољони, Главен маркетинг директор на Вип.

BlackBerry Q10 ги поседува најнапредните технички карактеристики применети во неодамна лансираниот Z10. Тој се карактеризира со 1.5 GHz двојадрен процесор со 2GB RAM меморија со кој се овозможени големи брзини, 16GB вградена меморија и слот за дополнителна мемориска картичка. Неговиот тач екран има големина од 3.1 инч со најнова технологија за висока густина, острина и јасност на сликата и секако редизајнирана физичка QWERTY тастатура, која овозможува голема прецизност при користењето.

Карактеристично за BlackBerry Q10 е тоа што во него е веќе вградена најновата верзија 10.1 од оперативниот систем кој на корисниците им овозможи нови, современи, забавни, корисни и пред се уникатни карактеристики, меѓу кои: BlackBerry Hub – новата алатка која овозможува употреба и навигација на повеќе апликации истовремено; Новиот BlackBerry Messenger им овозможува на корисниците едноставно да ги споделат работите од нивниот екран, како слики или документи, да креираат група со своите соговорници и BlackBerry Balance технологијата која ги заштитува сите службени податоци и апликации кои корисникот може да ги чува одвоени од приватните податоци и профили.

Почнувајќи од денеска, новиот BlackBerry Q10, кој работи со, но и без BlackBerry услуга, е достапен за македонските граѓани единствено во продажните места на Вип, по цена од 10.999 денари во тарифниот модел Vip Free+ Nolimit+ за склучен договор на 24 месеци.

Повеќе информации корисниците можат да добијат на телефонскиот број 077 1234 или на www.vip.mk.

Автор: Aleksandar Stankov