BlackBerry A10 ќе биде вистински ас

Објавено на 06.06.2013 во Новости



BlackBerry A10 ќе биде вистински ас

Канадската компанија сеуште се наоѓа во црвената зона што значи дека не е избегната целосно финансиската криза. Затоа во ноември е закажана промоција на BlackBerry A10 нов премиум смартфон кој ќе треба да ја крена продажбата за време на празничната сезона.
 
 
Првиот смартфон со екран на допир BlackBerry Z10 доби одлични оценки но, сите се сложија дека за неговата висока цена BlackBerry требаше да понуди подобри хардверски компоненти. Тоа ќе треба да го надомести BlackBerry A10 кој ќе има само врвни компоненти.
 
 
Изненадувачки многу подобро помина BlackBerry Q10 кој од вчера е достапен и на македонскиот пазар. Корисниците се премногу задоволни од редизајнираната QWERTY тастатура, а високи оценки доби и обновениот софтвер. За BlackBerry A10 кој е втор обид за смартфон со целосен екран на допир сеуште не се познати повеќе детали, освен можниот датум на промоција закажан за во ноември.
Автор: Aleksandar Stankov