Android 5.0 доаѓа во октомври

Објавено на 11.07.2013 во Новости



Android 5.0 доаѓа во октомври

Според најновиот извештај, Google ќе објави сосема нова и целосно оптимизирана верзија на Android за неколку месеци оваа година. VR-Zone објави дека Android Key Lime Pie, кој што го нарекуваат Android 5.0, ќе биде “оптимизиран оперативен систем“ кој е компатибилен со уреди што работат на 512 MB RAM меморија или повеќе.

Претходните гласини тврдеа дека Google ќе објави мала надградба, позната како Android 4.3, во текот на ова лето која ќе вклучува само мали промени. Но, компанијата наводно сега се подготвува да го лансира Key Lime Pie во октомври.

Веб страната шпекулира дека Google за лансирањето ќе го користи Moto X, кој што исто така треба да биде претставен кон крајот на третиот или почетокот на четвртиот квартал, со цел да го покаже својот нов оперативен систем, слично на она што го има направено во минатото со уредите на Nexus.