Првиот концепт за Android 5.0 Key Lime Pie

Објавено на 16.06.2013 во Новости



Првиот концепт за Android 5.0 Key Lime Pie

Во овој момент тешко е да се открие вистинскиот план на Google кој веќе требаше да го лансира најновиот петти по ред Android Key Lime Pie, но наместо тоа проектот е одложен за неодредено време. Сепак тоа не значи дека не може да го видиме првиот концепт за Android 5.0 Key Lime Pie кој изгледа фантастично.

Во оваа фаза на развој на Android е тешко да се претпостави што ќе содржат промените во софтверот бидејќи постојат огромен број на кустомизирани интерфејси од други производители кои се богати со голем број на виџети, комбинации на икони, бои, па дури и транспаретни алатки.

Сето тоа може да биде дел од новиот Android 5.0 Key Lime Pie, но во овој концепт фокусот е ставен на минималистичкиот изглед и комбинација на повеќе функции во еден виџет, како на пример спој на музичката апликација со часовникот и слични. Сепак ова се добри идеи кои Google може навистина да ги примени како што тоа го направи Apple со новиот iOs 7.