Официјално претставен најновиот HTC Butterfly S

Објавено на 19.06.2013 во Новости



Официјално претставен најновиот HTC Butterfly S

Како што најавивме минатата недела, денес тајванската компанија HTC официјално го претстави својот најнов смартфон – моќниот Butterfly S. Овој телефон има 4-јадрен Qualcomm Snadragon 600 процесор со брзина од 1.9GHz – истиот како кај Samsung Galaxy S4, но побрз од HTC One – и RAM меморија од 2GB.

Butterfly S доаѓа со дисплеј од 5 инчи со full HD резолуција и густина на пиксел од 440ppi. Внатрешната меморија е 16GB и како и вообичаено HTC здружен со Dropbox обезбедува 25GB бесплатна меморија за 2 години. Исто така, има microSD картичка за поддршка.

На задната страна, Butterfly S ја има истата камера со ултрапиксели како и HTC One. Бидејќи телефонот работи на Android 4.2 Jelly Bean со последниот интерфејс Sense 5, има и HTC Zoe со HTC Share и видео.

Нема многу промени и во дебелината на теелфонот, како и различните бои – црвена, бела, сива. Најголемата промена е металниот ринг кој се наоѓа околу стаклото на камерата на задната страна.

Butterfly S има димензии 144.5 x 70.5 x 10.6mm, а тежи дури 160g поради големата батерија од 3200mAh. Исто така, опциите за конекција се вообичаените: Bluetooth 4.0, Wi-Fi, DLNA, NFC, GPS.

Овој смартфон се очекува да дебитира во Тајван во јули по цена од околу 766 долари.