Samsung ги лажирал тест резултатите на Galaxy S4

Објавено на 01.08.2013 во Новости



Samsung ги лажирал тест резултатите на Galaxy S4

Корејската компанија Samsung се соочува со сериозно обвинување дека ги довела до заблуда своите корисници преку лажирање на тестовите за перформансите на најдобриот смартфон во моментот Samsung Galaxy S4.
 
 
Според истражувањето Samsung го зголемил капацитетот на графичкиот чип од 480MHz на 533MHz што довело до подобри резултати за 11% со промена во софтверот која инаку не е дел од официјалната верзија на смартфонот и на тој начин ги освои првите места на сите тестови.
 
Samsung се брани со тврдењето дека смартфонот навистина има капацитет на графиката од 533MHz, но таа е намалена на 480MHz за да не дојде до преоптоварување при играње на одредени мобилни игри и оштетување на смартфонот. 
 
 
Без оглед што Samsung игра на безбедносната карта тест резултатите или така наречените бенчмаркови се важен фактор при оценување на еден смартфон, а токму поради нив Galaxy S4 ги доби и највисоките оценки, но всушност корисниците добиваат послаби резултати при неговото користење.