Nokia повторно го исмејува iPhone

Објавено на 06.08.2013 во Новости



Nokia повторно го исмејува iPhone

Во новата реклама за Nokia Lumia 925 финците повторно го земаат iPhone на нишан и тоа во делот на прочуените реклами на Apple кои некогаш навистина привлекуваа големо внимание.
 
 
Во беспоштедната борба најпаметно е да ги искористите аргументите на противникот во своја полза, па така Nokia направи пародија на тврдењето на Apple дека секој ден се прават се повеќе слики со iPhone, отколку со било кој друг мобилен.
 
Поентата на Nokia овој пат е дека со Lumia 925 секој ден се прават се повеќе квалитетни слики отколку од било кој друг смартфон. Погледнете ја оваа одлична реклама и донесете ваш заклучок кој е подобар.





Прочитајте повеќе: