Alcatel One Touch Idol со Mini верзија

Објавено на 11.08.2013 во Новости



Alcatel One Touch Idol со Mini верзија

Alcatel слабо котира на мобилниот пазар но, тоа не го спречува да лансира се подобри смартфони кои се натпреваруваат во високата класа како Alcatel One Touch Idol. По принципот на многу поуспешните брендови како Samsung и HTC е најавена Mini верзија на Alcatel One Touch Idol.
 
 
Овој смартфон би требало да се појави кон крајот на есента и вообичаено ќе има помали димензии од првобитната верзија на најдобриот преставник за годината, а со тоа и послаби компоненти, но и пониска цена.
 
 
Alcatel One Touch Idol не е најдобриот смартфон на пазарот, но добро се продава во средната класа поради ниската цена како и преостанатата популарност на овој бренд на европскиот пазар наместо бројните кинески смартфони кои сеуште имаат помал степен на доверба. 
 
 
Затоа добро е да се види дека Alcatel оди по нагорна линија и кога е прашање квалитетот и секако примената на најновите трендови во мобилната индустрија.