Нема веќе крадење на Андроид телефони

Објавено на 27.08.2013 во Новости



Нема веќе крадење на Андроид телефони

Да го изгубите телефонот или да дознаете дека некој ви го украл секако не е пријатно искуство. Сепак, новиот сервис на Google би можел да биде барем малку од помош во пронаоѓањето на телефонот и на заштитата на личните податоци.

Google во почетокот на август најави нов сервис, според моделот на Apple и Windows Phone, Android Device Menager, кој овозможува лоцирање на изгубениот или украден телефон и бришење на содржината на паметните телефони од оддалечени локации.

Ако не сте сигурни каде сте го оставиле телефонот во куќата, а сте сигурни дека не сте го изгубиле, можете дури и да му се јавите на својот телефон, или да овозможите тој да ѕвони со максимална јачина на тонот, така што ќе може лесно да го најдете.

Android Device Menager ви овозможува да пратите изгубен или украден телефон на мапа во реално време, заедно со информациите за неговото движење.

Овие опции ќе бидат достапни за сите Андроид уреди со верзија 2.2 и понова, а користењето ќе биде бесплатно. Исто така ќе биде понудена и апликација за полесно и побрзо користење на новата услуга.

Google на својот официјален блог наведува дека само треба да бидете најавени на сметката на Google за да ги користите сите сервиси на Android Device Menager.