Nokia 515 - нов "обичен" телефон

Објавено на 29.08.2013 во Новости



Nokia 515 - нов "обичен" телефон

„Nokia“ вчера го претстави Nokiа 515, телефон на кој многу внимание е посветено на дизајнот, па тој е сместен во алуминиумско куќиште со Gorilla Glass 2 екран кој е малку заоблен и е со дијагонала од 2.4 инчи.

Телефонот ќе биде достапен во црна и бела боја, а што се однесува до дизајнот тој малку потсетува на Xperiа Z. Дебелината на овој уред е 11 милиметри. Доаѓа со камера од 5 мегапиксели и LED блиц, а поддржува и неколку начини на снимање.

 

Уредот поддржува и работа со 3G мрежите, а ќе биде достапен и во dual SIM верзија. Телефонот се темели на S40 платформата, а на неа се наоѓаат инсталирани апликации за mail, browser, како и за Twitter и Facebook. Сепак веројатно најинтересна работа е траењето на батеријата. Како што истакнуваат од финската компанија верзијата со една SIM картичка во standby може без полнач да преживее до 38 дена!

Продажбата почнува во септември во Русија, Швајцарија и Полска, а веднаш потоа и во останатите земји. Според информациите цената пред даноците и давачките би требало да изнесува 115 евра.