Acer настапува со својот паметен телефон Liquid S2

Објавено на 06.09.2013 во Новости



Acer настапува со својот паметен телефон Liquid S2

Ultra HD е новиот стандард кој постепено ќе го замени Full HD и ќе има четири пати повисока резолуција на сликите. Liquid S2 e првиот смартфон со 4К камера кој на пазарот го пласира компанијата Acer. Со овој производ, реномираниот производител на лаптопи влезе во конкуренција со Samsung и Apple кои се сметаат за лидери во производството на паметни телефони.

Со камерата може да се снима видео во 4К резолуција, а ако сакате да снимате видео во класична HD резолуција од 1920х1080 пиксели, Liquid S2 тоа ќе го направи со 60 FPS.

Екранот има големина од 6 инчи, а има камера од 13 мегапиксели на предната и од 2 мегапиксели на задната страна. Овој телефон работи на Snapdragon 800 процесор, 2GB RAM и 16GB меморија за чување на податоци. Новиот паметен телефон Acer го користи оперативниот систем Android 4.2.2.