Flipboard доаѓа кај BlackBerry 10 смартфоните

Објавено на 07.09.2013 во Blackberry



Flipboard доаѓа кај BlackBerry 10 смартфоните

Компанијата BlackBerry е пред финансиски колапс и во наредните месеци ќе се знае конечното решавање на состојбата, но тоа не значи дека работата треба да престане и на корисниците да им се скратат сите новитети, затоа добра вест е што BlackBerry 10 смартфоните ќе ја добијат Flipboard, најдобрата апликација за читање на онлајн новости.
 
 
Официјалното соопштение од Flipboard открива дека се работи на нова верзија на апликацијата која ќе биде дизајнирана специјално за BlackBerry 10 смартфоните и нема да биде копија на Android апликацијата.
 
 
Flipboard е една од нјапопуларните и најпревземани апликации на сите времиња бидејќи ви овозможува пристап до огромен број на новости од светски познати медиуми, а нивниот приказ може да го прилагодувате според ваш избор и на некој начин да креирате сопствен електронски магазин кој може да го споделувате со пријателите на социјалните мрежи.