Epic Games официјално ја најави Infinity Blade III

Објавено на 12.09.2013 во Игри



Epic Games официјално ја најави Infinity Blade III

Epic студиото за изработка на мобилни игри го најави последното продолжение на епската авантура Infinity Blade III која доаѓа заедно со iPhone 5S. Датумот на промоција е закажан за 18-ти септември, односнo два дена пред пуштање во продажба на новиот iPhone 5S.
 
 
Infinity Blade III како и секогаш ќе понуди врвно графичко искуство искористувајќи го целосниот потенцијал на Unreal 4 енџинот кој ги прави мобилните игри речиси идентични по квалитет со гејмерските конзоли. Втората предност е што iPhone 5S има подршка за OpenGL|ES 3.0 преку новиот A7 64 битен процесор кој има 56 пати подобри графички перформанси, барем така тврдат Apple и Epic Games.
 
 
Infinity Blade III ќе има нов начин на гејмплеј вклучувајќи два карактери од претходните делови и ќе им донесе голема забава на сите корисници. Прашање е само дали студиото Epic Games ќе се реши да ја понуди играта бесплатно со еден куп реклами во неа или пак ќе ја продава во App Store по многу висока цена како и досега
 
 
Во продолжение погледнете што се ќе понуди оваа фантастична авантура од официјалниот трејлер за Infinity Blade III.