Претставен BlackBerry Z30 - Последната надеж на BlackBerry

Објавено на 18.09.2013 во Новости



Претставен BlackBerry Z30 - Последната надеж на BlackBerry

Канадската компанија BlackBerry се обидува да фати чекор со конкуренцијата претставувајќи го нивниот прв 5 инчен HD смартфон со екран на допир. BlackBerry Z30 долго време во медиумите кружеше под кодното име Aristo и е уред кој ќе покаже дали има надеж за компанијата.
 
 
Овој смартфон ги нема најновите хардверски компоненти и се потпира на нешто постара технологија како четири-јадрениот процесор Snapdragon S4 Pro со брзина од 1.7GHz, потоа 2 GB RAM кои се и повеќе од доволни за мултитаскинг и извршување на голем број на операции, додека пак за податоците се обезбедени 16 GB кои може да се надополнат со microSD мемориска картичка.
 
BlackBerry Z30 најмногу може да се пофали со батеријата со капацитет од 2880mAh која во комбинација со оптимизираниот софтвер и малата потрошувачка на енергија на екранот и хардверот ќе донесе двојно подолго време на работа во споредба со повеќето врвни конкуренти. 
 
 
BlackBerry применил и одлична 8 мегапикселна камера со Auto Focus, 5x дигитален зум и LED блиц. Таа е составена од пет елементи, слично како кај iPhone 5S, а леќата има f/2.2 апаратура и со неа може да се снимаат видеа со резолуција од 1080p.
 
 
Со BlackBerry Z30 доаѓа и најновата верзија на оперативниот систем BlackBerry 10.2 која треба да донесе голем број на подобрувања, како и отстранување на грешките од почетната верзија. BlackBerry Z30 ќе започне со продажба на Азискиот континет од 5-ти октомври по цена од околу 600 долари, а потоа се очекува и негова промоција во Европа и САД.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov