Шамар за BlackBerry од канадскиот оператор Rogers

Објавено на 05.10.2013 во Новости



Шамар за BlackBerry од канадскиот оператор Rogers

Rogers канадскиот најголем оператор му удри вистински шамар на BlackBerry и одби подршка за новиот смартфон BlackBerry Z30. Во бизнисот изгледа дека нема простор за патриотизам, туку одлуките се носат врз база на финансиска исплатливост, па така канадскиот производител BlackBerry иако е во тешка финансиска состојба не се најде во милост на сонародниците.
 
 
Според изјавата на Rogers бројот на мобилни телефони кои добиваат подршка од операторот е ограничен на 15 и компанијата ќе ги промовира само оние уреди за кои ќе има интерес, а очигледно тука не спаѓа првиот смартфон на компанијата со големина од 5 инчи BlackBerry Z30. Роб Брус портпаролот на Rogers изјави дека оваа одлука е донесеа претходно и нема никаков удел во судбината на производителот BlackBerry.
 
 
Неуспехот на домашен терен за BlackBerry ќе значи дополнителен удар бидејќи многу надежи беа вложени во BlackBerry Z30 како производ кој може да ги промени работите на подобри. Тоа е првиот пет инчен смартфон со екран на допир и многу квалитетни спецификации, но BlackBerry ќе се обиде да го пласира на пазарот преку другите оператори.