Nokia ќе го освои светот со новите уреди

Објавено на 05.10.2013 во Новости



Nokia ќе го освои светот со новите уреди

На 22 октомври Nokia ќе го одржи својот традиционален промотивен настан кој привлекува огромно внимание во целиот свет. Nokia World оваа година се одржува во Абу Даби и e последното шоу на Nokia како независна компанија, пред преминувањето на мобилниот оддел во Microsoft.
 
 
На големото шоу би требало да биде претствен целиот нов арсенал на уреди сo најавениот фаблет Nokia Lumia 1520 со големина на Full HD екранот од 6 инчи, потоа Windows таблетот Nokia Lumia 2520 или популарно наречен Sirus, како и уште еден нов смартфон од средната класа Nokia Lumia 525.
 
 
Обнова на понудата ќе има и во делот на евтините мобилни телефони од популарната серија Asha со два нови претставника Nokia Asha 502 и Nokia Asha 503. Ова се само дел од можните уреди кои ќе бидат дел од шоуто Nokia World, но што и да се одлучи Nokia да претстави кон крајот на овој месец со сугурност ќе привлече огромно внимание.




Прочитајте повеќе: