Гром не удира во коприви ама во Nokia да

Објавено на 06.10.2013 во Новости



Гром не удира во коприви ама во Nokia да

Nokia склучи партнерство со Универзитетот во Саутемптон каде ќе се вршат експерименти за полнење на батеријата на Nokia Lumia 925 преку стимулација на громотевици, односно електрични празнење и искористување на таа природна енергија.
 
 
Смартфонот е поврзан со електроди со два трансформатори кои стимулираат електрични празнење со слична моќност како и молњите, а потоа таа енергија се складира и се пренесува директно до полначот на Nokia Lumia 925. Можеби ви звучи неверојатно, но погледнете го видото во продолжение каде е прикажан целиот процес.

Една од најголемите пречки за развој на мобилната технологија во овој момент се батериите кои брзо се празнат поради големата потрошувачка за осветлување на екранот, работата на супер брзите процесори и мултитаскинг операциите. 
 
 
Затоа се бара ефикасен и брз начин на полнење на батеријата и нејзин подолготраен живот, па можеби токму полнење на смартфонот на природен начин ќе биде едно од решенијата.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov